Top Sport

Оже-Алијасим со трофејот од Фиренца, Блинкова со прва титула

Канадската тениска надеж, Феликс Оже-Алијасим го освои својот втор АТП трофеј, откако по 101 минути игра со 6:4/6:4 беше подобар од Американецот Џеј Џеј Вулф во финалето на Фиренца опен.

Оже-Алијасим заагуби само еден сет на пат до титулата, а со титулата се доближи до едно од местата кои носат на АТП финалето во Торино. Тој е седми на АТП трката за Торино со 180 поени повеќе од Американецот Тејлор Фриц.

Во Клуж-Напока, Романија, пак, квалификантката Ана Блинкова стигна до својата прва ВТА титула во кариератаа, победувајќи ја Јасмине Паолини со 6:2/3:6/6:2 во финалето на Трансилванија опен. 24-годишната Русинка, која мораше да игра квалификации во Романија откако падна на 148. место на ВТ листата, и е петта квалификантка со трофеј оваа сезона по Татјана Марија (Богота), Анастасија Потапова (Истанбул), Бернарда Пера (Будимпешта) и Каролине Гарсија (Синсинати).

Scroll to Top