Top Sport

Наполи и Клуб Бриж во осмина-финалето на ЛШ

Наполи продолжува со максимален ефект во Лигата на шампионите. Тимот на Елиф Елмас стигна до четвртата победа откако на стадионот „Диего Армандо Марадона“ го совлада Ајакс со 4:2. Со тоа и обезбеди пласман во нокаут фазата.

Лозано и Распадори брзо донесоа водство од 2:0, а Класен намали на почетокот на вториот дел. Кварацкелија од пенал постигна трет гол за Наполи во 62.минута, Бергвајн исто така возврати од пенал, а Осимен го постави конечниот епилог.

Атлетико Мадрид не успеа да го победи Клуб Бриж на „Ванда Метрополитано“. Белгискиот тим ремизираше без голови, а издржа иако играше со фудбалер помалку по исклучувањето на Камал Совах во 82.минута. Голманот Мињоле бранеше фантастично за гостинскиот состав.

Scroll to Top