Top Sport

Реал Мадрид сака да го раскине договорот со Азар

Реал Мадрид сака да го раскине договорот и да се раздели со играчот од средниот ред Еден Азар, пренесува „Ел Национал“. Претседателот на клубот Флорентино Перез е подготвен да го раскине договорот со 31-годишниот Белгиец за да го олесни буџетот за плати.

Раководството на „кралевите“ донело ваква одлука поради односот на Азар кон тренажниот процес. Токму поради ова и тренерот Карло Анчелоти многу малку му дава шанса за настап.

Договорот на Еден Азар истекува во летото 2024 година. Реал Мадрид го ангажираше од Челси во 2019 година за фантастични 115 милиони евра.

Азар има пет настапи за клубот оваа сезона, со ефект од еден гол и една асистенција.

Scroll to Top