Лукас Тореира во јануарскиот преоден рок би можел да ја напушти Премиер лигата и да се врати во Серија А. Италијанските медиуми тврдат дека Напили на Арсенал им понудиле сума од 30 милиони евра за Уругваецот.
Лукас Тореира по Светското првенство од Сампдорија се пресели во Арсенал за 30 милиони евра. Наполи биле подготвени да го платат истиот износ но на лето.
Предлогот на Наполи бил да платат три милиони евра во јануари, Тореира да го позајмат, а потоа во јуни да ја исплатат целата сума.