Top Sport

Наполи „извлече“ победа во Верона, Симеоне ги „спаси“ Каљари (видео)

Славјето на титулата од Купот на Италија не ги остави Наполи „мамурни“, откако тимот на Џенаро Гатузо стигна до тешко извојувана 2:0 победа на гостувањето кај Верона во првиот меч од Серија А по повеќе од три месеци. Каљари пак, со голот на Џовани Симеоне во 93. минута стигна до 1:0 триумф на гости кај СПАЛ.

Во 23. минута, Верона успеа да промаши нешто неверојатно, откако Валерио Вере го утна празниот гол на гостите од еден метар. Наполи дојде во водство во 38. минута, кога по корнерот на Матео Политано, Аркадијуш Милик беше оставен сам и со глава ја смести топката во голот. Победата беше осигурана дури во 90. минута преку Ирвинг Лозано, откако на Верона им беше поништен гол поради играње со рака во шестнаесетникот. Наполи се на шестото место на табелата со 42 поени, дури девет од четвртото место каде што е Аталанта, но веќе се пласираа во Лига Европа со победата во Купот на Италија.

Во Ферара пак, надежите на „отпишаниот“ СПАЛ за опстанок станаа само теорија, откако тие загубија со 0:1 од Каљари, кога Симеоне во 93. минута по лошата интервенција на голманот ја смести топката во мрежата.

Scroll to Top