Top Sport

Ѓоковиќ со јавно извинување за корона-мешаницата на „Адрија турнејата“

Откако беше поставен на „столбот на срамот“ од страна на медиумите и дел од колегите по низата позитивни тестови на корона вирус поради „Адрија турнејата“, тениските турнири кои тој ги организираше, светскиот рекет број 1, Новак Ѓоковиќ се јави преку социјалните мрежи.

Покрај Ѓоковиќ и неговата сопруга Јелена, позитивни се и Григор Димитров, Борна Чориќ и Виктор Троицки, и поголемиот дел од светските медиуми главната вина ја најдоа кај Ѓоковиќ, кој беше организатор на двата турнири во Белград и Задар, и во исто време пред стартот на турнејата се „расправаше“ со новинарите за подобрите мерки кои ги имале во Белград во борбата со корона вирусот.

„Поздрав до сите. Се вративме во Белград и јас и Јелена сме позитивни на КОВИД-19, додека децата се негативни. Ќе останеме во изолација 14 дена и ќе го повториме тестот за пет дена. Длабоко се извинувам што нашиот турнир предизвика ваква штета. Организацијата ја правевме со чисто срце и добри намери. Верувавме дека сите мерки на претпазливост се запазени и во нашиот регион здравствената состојба се подобруваше. Погрешивме и го организиравме турнирот предвреме. Не можам да искажам колку ми е жал за ситуацијата и за секоја наредна инфекција. Ако присуствувавте на ’Адрија турнејата’, одете на тестирање и практицирајте социјално дистанцирање. За тие во Белград и Задар, ние ќе ги покриеме здравствените ресурси наскоро. Остатокот од турнејата е откажан и ќе се фокусираме на погодените. Се молам за здравјето на сите вас“, напиша Ѓоковиќ.

Scroll to Top