Top Sport

Нема ниту Бундеслига овој викенд

Иако за фудбал гладните навивачи се надеваа дека овој викенд ќе можат барем да ја следат Бундеслигата, Германската фудбалска лига (ДФЛ) потврди дека сите мечеви овој викенд во првите две лиги се одложуваат откако претходно беше донесена одлука за суспензија до 2 април.

Претходно, фудбалерот од средниот ред на Баерн Минхен, Тијаго Алкантара ја критикуваше првата одлука да се играат мечевите овој викенд, велејќи дека се работи за „лудачка одлука“. Баерн Минхен требаше да играат со Унион Берлин во сабота.

Со ова и дефинитивно нема да игра фудбал овој викенд во речиси сите европски лиги, додека за следната година се одложени и мечевите од Лигата на шампионите и Лига Европа.

Scroll to Top