Италијанскиот калчолигаш Наполи сака да го задржи тренерот Лучијано Спалети кој одлично го предводи тимот оваа сезона. Претседателот Аурелио де Лаурентис е пподготвен да ја продолжи соработката со него за подолг период. Тој е одушевен од работата на 63-годишниот стратег.
Актуелниот договор на Спалети има важност до крајот на сезоната, но има и клаузула за автоматско продолжување на уште една година, која се чини дека ќе биде активирана.
Спалети дојде во Наполи на местото на Џенаро Гатузо и се снајде одлично. Во првата сезона под негово водство тимот се претстави одлично и беше во борба за шампионската титула, иако на крајот заврши на третото место во Серија А. Оваа сезона се наметнува како главен фаворит за „скудетото“.