Top Sport

Наполи му оддаде почит на Марадона, поставена статуа од легендата на стадионот кој го носи неговото име

Наполи и навивачите на италијанскиот клуб уште еднаш една година откако останаа без него, му оддадоа посебна почест на Диего Армандо Марадона, човекот кој им донесе две титули во Кампанија и кој остави толку голем печат на клубот, што лани по неговата смрт го именуваа стадионот во негова чест.

На посебната церемонија пред дербито со Лацио, беше откриена статуата на Марадона со неговата „десетка“, која ќе стои на стадионот и вечно ќе потсетува на славната историја со незаменливиот Аргентинец.

Scroll to Top