Диего Марадона луто реагираше откако Наполи, клубот каде што помина седум сензационални сезони на врвот на кариерата, ја „заборави“ 30-годишнината од славната Супер куп победа над Јувентус во која тој ги предводеше до победа.
Марадона, кој освои две скудета со клубот од Неапол, беше капитен на тимот кој на сопствениот стадион „Сан Паоло“ со 3:1 го совлада Јувентус, посрамотувајќи го големиот ривал. Марадона следната сезона ја заврши кариерата во клубот со 188 меча и 81 гола.
„Уште имам време. Жал ми е што луѓето не се сеќаваат на овие резултати кои не направија големи. Го кажувам ова за мене и за моите соиграчи кои ја напишаа историјата на мојот сакан Неапол“, напиша Марадона на Инстаграм и ги означи своите поранешни соиграчи Џанфранко Зола и Чиро Ферара.
Наполи се извини преку социјалните мрежи.
„Марадона е во право. Заборавивме да ја одбележиме победата во Супер купот против Јувентус во 1990. Го пропуштивме датумот. Се извинуваме на фановите и на Диего“, напишаа од Наполи.
Maradona ha ragione. Ci siamo dimenticati di ricordare la vittoria della Supercoppa contro la Juventus del 1990. Ci è sfuggita la data della ricorrenza. Ricordiamo tutte le date importanti come questa! Ci scusiamo con i tifosi e con Diego.
— Official SSC Napoli (@sscnapoli) September 2, 2020