Top Sport

Наполи на Елиф Елмас го израмни клупскиот рекорд од времето на Марадона

Наполи ја продолжи феноменалната сезона со триумф над Рома (0:1) во Серија А. Со тоа израмни рекорд за кој се мислеше дека е недостижен. Во 80. минута Матео Политано со одлично додавање му создаде шанса на Виктор Осимен, а тој со Крис Смолинг на грб одлично се снајде и погоди од тешка позиција со разорен удар со десната нога.

Голот кој го постигна најскапиот играч во историјата на Наполи го израмни рекордот на тимот што го постигна најдобриот фудбалер во историјата на клубот, Диего Марадона.

Лидерот на Серија А го доби 11. последовен натпревар во сите натпреварувања. Наполи успеал да го направи тоа само еднаш во историјата. Победуваше се по ред од април до септември 1986 година.

До крајот на таа сезона (1986/87), тимот предводен од Диего Марадона ја освои првата титула на клубот и италијанската двојна круна.

Scroll to Top