Top Sport

Наполи остана без шанси да го урне рекордот на Јувентус

Наполи до минатиот викенд имаше само две нерешени и два порази во првите 27 кола од Серија А и имаше теоретски шанси да го собори рекордот на Јувентус, поставен под водство на Антонио Конте во 2013/14 година. го освои шампионатот со неверојатни 102 бода. Тој тим на Конте на 38 натпревари оствари 33 победи, три нерешени и два порази.

По синоќешниот дебакл против Милан 4:0 на домашен терен, Наполи ги загуби математичките шанси да го достигне рекордот на Јувентус.

На десет кола пред крајот има 71 бод, 31 помалку од рекордот, а на располагање му се уште 30 бодови. Сепак, тие се уште имаат можност да надминат 100 бода и да станат само вториот тим што го сторил тоа во сезона од 38 натпревари.
За да ја обезбеди титулата, на Наполи и покрај синоќешниот тежок пораз му требаат уште само 15 бода бидејќи има 16 бода предност во однос на второпласираниот Лацио.

Scroll to Top