Трансферот на Виктор Осимен од Лил во Наполи повторно е во центарот на вниманието на француските медиуми, откако угледниот спортски весник „Л’Екип“ тврди дека и покрај тоа што беше објавено дека италијанскиот клуб платил 81 милиони евра, Лил инкасирал само 36 милиони евра.
Трансферот веднаш предизвика сомнежи кога се реализираше во текот на летото 2020, бидејќи сумата беше висока, а Наполи, како никогаш дотогаш јавно се пофалија дека тој ќе биде најскапото засилување со 71.3 милиони евра плус 10 милиони евра во бонуси.
Веднаш се откри дека нешто не е исправно, откако Лил „платија“ 20 милиони евра за ветеранот-голман Орестис Карнезис и уште тројца фудбалери од академијата на Наполи (Чиро Палмиери, Луиџи Лигуори и Клаудио Манци), кои никогаш не отпатуваа во Лил, и веднаш беа пратени на позајмица во клубови од Серија Ц и Серија Д, пред нивните договори да бират прекинати.
Според „Л’Екип“, Лил биле во сериозни финансиски проблеми минатото лето, така што се согласиле на целата операција за која добиле 36 милиони евра, додека Наполи официјално можеше да пријави профит за младинските фудбалери.
Дел од бонусите, како за квалификацијата на Наполи во ЛШ, едноставно не биле активирани оваа сезона. Дополнителни 11.3 милиони евра отишле за поранешиот клуб на Осимен, белгискиот Шарлроа, откако Лил го купија него за 12 милиони евра во 2019 година. Лил платиле 4.5 милиони евра за реализација на трансферот, уште 6 милиони евра за агентот, така што за нив останале само 36 милиони евра.
Dalla Francia: il #Lille ha incassato solo 36 milioni per #Osimhen , cifre e dettagli dell'affare con il #Napoli https://t.co/p9HIuFjTQZ pic.twitter.com/5swXFSOo42
— calciomercato.com (@cmdotcom) November 21, 2021
Нови сомнежи околу легалноста на трансферот на Осимен во Наполи