Top Sport

Втора завршна титула за француското дуо Ербер/Мау

Французите Пјер-Иг Ербер и Никола Мау стигнаа до својата втора титула од АТП финалето во последните три години, откако се одмаздија за поразот на стартот на турнирот од Американецот Раџив Рам и Британецот Џо Салисбјури со 6:4/7:6(0) победа по час и 32 минути игра на „Пала Алпитур“ во Торино.

Ова е 20. титула за оваа двојка, додавајќи ја таа од завршниот турнир во 2019 година, додека во 2021 ја освоија и титулата од Ролан Гарос.

„Загубивме од нив во натпреварите по групи кога играа неверојатно, така што знаевме дека мораме да го кренеме нивото. Мислам дека го одигравме најдобриот меч оваа година“, вели 39-годишниот Мау.

Scroll to Top