Фудбалерите на Наполи со убедлива победа над нисколигашот Баса Анауниа, ги започнаа подготвките за новата сезона. Наполи славеа со 12:0, а првиот гол го постигна македонскиот репрезентативец Елиф Елмас.
Новиот тренер на Наполи, Лучано Спалети, мечот го запона со најсилниот состав, во тимот ги немаше само играчите кои играа на Европското првенство: Ди Лоренцо, Инсиње, Мерет и Зјелински.
Наполи, во првото полувреме постигнаа седум гола, првиот го постигна Елмас, а четири гола во првите 45 минути постигна Осимен.
Фото/calcionapoli24.it