Top Sport

Вест Хем ја декласираа Астон Вила – „Чеканите“ скокнаа на четвртото место

Вест Хем кај Астон Вила ја забележа шестата победа во сезоната и скокна на четвртото место на табелата, со ист број на бодови како Манчестер сити. Астон Вила по убедливот пораз 1:4, остана на делба на 15.позиција со Вотфорд и Лидс.

Поразот од Вест Хем сериозно ги разниша позициите на менаџерот, Дин Смит. Астон Вила во десет кола има веќе шест порази во Премиер лигата.

Три гола на „Вила парк“, беа постигнати во првото полувреме. Џонсон погоди по седум минути игра за Вест Хем. Израмни Воткинс во 34.минута по одличната тимска акција. Само четири минути подоцна Рајс им ја врати предноста на „чеканите“.

По пет минути игра во вториот дел Астон Вила остана со играч помалку на теренот. Конса доби директен црвен каротн.

Предноста на теренот Вест Хем ја искористија во 80. и 84.минута кога голови постигнаа Форналс и Бовен.

Scroll to Top