Наполи успеа да оствари победа од 1:2 на гости кај Верона и со 60 бода се искачи на второто место на табелата во Серија А, со три бода заостанување зад Милан.
Виктор Осимен беше двоен стрелец за „наполитанците“, а погодокот за Верона беше дело на Давиде Фараони во 77.минута.
Во финишот Верона играше со фудбалер помалку поради исклучувањето на Кечерини. Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас одигра половина час на овој натпревар.