Наполи е подготвен да плати 30 милиони евра за бразилскиот дефанзивец Давид Луиз од Челси.
Претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис, сака да ја засили конкуренцијата во одбраната, а според весникот „Ил матино“, изборот е Бразилецот Луиз.
Поранешниот бразилски репрезентативец, минатата сезона, одигра само 10 натпревари за Челси во Премиер лигата. Последниот меч за „сините“, Луиз го има одиграно на 2.февруари.
Луиз ја загуби довербата на менаџерот Антонио Конте, работите нема да се сменат ниту со доаѓањето на Маурицио Сари на кормилото на клубот од „Стенфорд Бриџ“.
Давид Луиз во кариерата настапувал за Виторија, Бенфика и ПСЖ. За Челси има одиграно 197 натпревари.