Капитенот на Наполи, Лоренцо Инсиње е во трка со времето за да биде подготвен за мечот против Барселона од Лигата на шапионите, откако клубот потврди дека има повреда на левиот бутен мускул.
Инсиње се повреди при 3:1 победата над Лацио минатиот викенд, и сега медицинскиот тим ќе мора да направи проценка дали ќе биде подготвен за мечот од Лигата на шампионите. Инсиње, кој постигна гол од пенал во 54. минута од мечот, беше заменет од македонскиот репрезентативец Елиф Елмас по 84 минути игра.
„Лоренцо Инсиње се повреди во финишот на мечот против Лацио и помина на медицински тест, кој покажа повреда на левиот адуктор и неговата состојба ќе биде разгледувана секојдневно“, велат од Наполи.