Наполи и официјално потврдија дека тимот се враќа на тренинзи веќе во среда и покрај тоа што синдикатот на играчи во Серија А побара да не се ризикува здравјето на фудбалерите. Од клубот потврдија дека на 25 март се враќаат во својот тренинг центар во Кастел Волтурно за утринска тренинг сесија.
Претседателот на клубот, Аурелио ди Лаурентис заедно со првиот човек на Лацио, Клаудио Лотито беа единствените претседатели на клубовите од Серија А кои сакаа да се вратат на тренинзи пред рокот од 4 април, кој го постави Серија А.
Серија А најверојатно нема да се врати до почетокот на мај со оглед на ситуацијата со корона вирусот во Италија.
? Mercoledì 25 marzo la ripresa degli allenamenti
? https://t.co/sTO4hOWNlU? #ForzaNapoliSempre pic.twitter.com/xemmaDla9a
— Official SSC Napoli (@sscnapoli) March 20, 2020