Top Sport

Наполи преку Бреша и покрај голот на Балотели (видео)

Наполи со 2:1 ја совлада Бреша во меч од шестото коло од Серија А, иако во финишот на второто полувреме имаа проблеми со гостите по деби-голот на Марио Балотели за својот тим.

Дрис Мертенс во 13. минута и Костас Манолас во судиското продолжение од првото полувреме донесоа 2:0 предност на „партенопеи“ кои се обидуваа да се вратат по незгодниот домашен пораз (0:1) од Каљари во средата.

Сепак, во 67. минута од мечот, Балотели беше оставен сам од домашната одбрана и тој намали на 2:1, предизвикувајќи тесен и интересен финиш на мечот. Интересно, пред мечот, Балотели, на терен ја извади својата мала ќеркичка Пиа, која живее со својата мајка во Неапол во дрес на Наполи.

Наполи се искачи на четвртото место во Серија А со 12 поени, шест помалку од лидерот Интер. Бреша се на 14. место со 6 победи.

Scroll to Top