Top Sport

Наполи ремизираше со Рома, се помали се шансите за титула

Наполи не успеа да стигне до победа во „дербито на сонцето“, ремизирајќи 1:1 против Рома на стадионот „Диего Армандо Марадона“. Лоренцо Инсиње беше стрелец на водечкиот гол за Наполи реализирајќи пенал во 11.минута од натпреварот. Сепак, Стефан Ел Шарави во 90.минута го израмни резултатот. Во финишот, Лучијано Спалети одлучи да го брани минималното водство и не успеа во тоа.

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас влезе во игра во 68.минута на овој дуел, на местото на Ирвинг Лозано.

„Наполитанците“ со ова реми веројатно и ги загубија шансите за титулата во Серија А.

Scroll to Top