Top Sport

Наполи рутински со СПАЛ, Аталанта избега 9 поени пред Рома (видео)

Наполи ја продолжи одличната низа и стигна до нова победа во третиот меч по рестартот на италијанскиот фудбал, рутински триумфирајќи со 3:1 против „отпишаниот“ СПАЛ, додека Аталанта во интересен меч со пет гола стигна до 3:2 победа кај Удинезе за да се одвои на девет поени пред Рома на четвртото место во Серија А.

Наполи го реши победникот на мечот уште во првото полувреме. Дрис Мертенс стрелаше уште во четвртата минута, но откако СПАЛ израмни во 29. минута, на сцена стапи македонскиот репрезентативец Елиф Елмас, кој имаше фантастична асистенција до Хозе Калјехон во 36. минута за 2:1. Амин Јунес, само што влезе во игра во 77. минута ги постави конечните 3:2.

Во Удине, Аталанта стигна до 3:2 победа со двата гола на Луис Муриел и еден на Дуван Запата, додека за тимот на Удинезе двата гола ги постигна Кевин Лазања. Ова е 14-ти меч од 28 одиграни во Серија А во кој тимот од Бергамо постигнува барем три гола.

Сампдорија загуби дома со 1:2 од Болоња, за да се најде во многу незгодна позиција во борбата за опстанок со 26 поени, колку што има и градскиот ривал Џенова и само еден поен пред Лече на 17. место.

СЕРИЈА А, 28. КОЛО

Наполи – СПАЛ 3:1

Сампдорија – Болоња 1:2

Сасуоло – Верона 3:3

Удинезе – Аталанта 2:3

НАПОЛИ – СПАЛ

УДИНЕЗЕ – АТАЛАНТА

САМПДОРИЈА – БОЛОЊА

САСУОЛО – ВЕРОНА

Scroll to Top