Top Sport

Наполи се намачи со второлигашот Емполи, Елмас одигра 70 минути

Наполи се пласираше во четврт-финалето на Копа Италија, каде што ги очекува дуел со подобриот од дуелот Рома-Специја, откако со 3:2 на „Диего Армандо Марадона“ го совладаа второлигашот Емполи, кој двапати успеваше да израмни.

Џовани ди Лоренцо уште во 18-тата минута донесе водство за „партенопеи“, меѓутоа младиот Недим Бајрами во 33-тата минута израмни на 1:1. Ирвинг Лозано повторно ги донесе домаќините во предност само пет минути подоцна, но Швајцарецот Бајрами во 68. минута повторно израмни, пред, конечната победа да ја донесе Андреа Петања во 77. минута.

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас беше стартер и играше до 70-тата минута, кога беше заменет од Фабијан Руиз.

Scroll to Top