Top Sport

Наполи се врати по „потопот“ во Џенова (видео)

Наполи успеа да извлече 2:1 победа на гостувањето во Џенова, откако губеше пред мечот да биде прекинат петнаесетина минути поради силниот дожд во северна Италија, за по паузата да направат пресврт по раното водство на Грифоне.

Џенова дојде во водство во 20. минута, кога Кристијан Куаме беше највисок во скокот по нафрлувањето на Ромуло, и оваа предност домаќините ја имаа до паузата поради силниот дожд во 59. минута.

По враќањето на теренот, кој беше целосно натопен со вода, Наполи веднаш израмни кога во 62. минута, Фабијан Руиз доби фантастична топка од Дрис Мертенс за 1:1.

Комплетниот пресврт Наполи го комплетираше во 88. минута, кога Алесио Бираски си постигна автогол за разочарување на „Луиџи Ферарис“.

Со победата, Наполи скокна на второто место во Серија А со 28 поени, три помалку од Јувентус, кој утре го игра мега-дербито со Милан.

Фото: ЕПА

Scroll to Top