Top Sport

Покрај поразот, шефовите на Баерн добија и „туш“ со пиво (видео)

Шефовите на Баерн Минхен не можат да бидат среќни. Во саботата нивниот тим загуби со 3:2 во „Дер класикер“ од Борусија Дортмунд иако имаа водство од 2:1 до 67. минута од мечот, за ривалите да се одвојат на седум поени разлика. Покрај тоа, добија и туш со пиво.

Кога Пако Алкасер го постигна победничкиот гол во 73. минута, дополнителен стрес доживеаја претседателот Ули Хенес и извршниот директор Карл-Хајнц Румениге, откако еден навивач со студено пиво ги „истушира“ на трибините. Причина беше тоа што двајцата протестираа тврдејќи дека голот на Борусија бил постигнат од офсајд.

Борусија не се шегува! Прекрасна 3:2 победа над Баерн во „Дер класикер“ (видео)

Scroll to Top