Наполи беше убедлив на гостувањето кај Специја, победи со 0:3 и на убав начин ја заокружи сезоната во Серија А. Тимот на Елиф Елмас не успеа во трката за титулата, но, сепак, успеа да оствари пласман во Лигата на шампионите.
Матео Политано во четвртата минута донесе предност, а Пјотр Зиелински во 25.минута зголеми на 0:2. Диего Деме беше стрелец на третиот гол за „наполитанците“ во 36.минута од мечот.