Фудбалската сезона во Италија ќе продолжи наредниот петок со полу-финалните реванши во Купот. „Скај Спортс“ објави дека владата го прифатила барањето натпреварите да бида поместени за еден ден.
Во полу-финалето на Купот играат Јувентус и Милан, односно Лацио и Интер. По првите натпревари Лацио има предност над Интер од 1:0, додека резултатот во вториот меч е 1:1.
Во петок, на 12 јуни ќе играат Јувентус и Милан, а ден подоцна Лацио и Интер. Финалето во Купот на Италија на програмата е на 17 јуни во Рим.
За потсетување сезоната во Серија А ќе продолжи на 20 јуни.