Неколку дена откако беше крунисан со нова титула од Премиерлигата со Манчестер сити и ја доби наградата за најдобар играч, Кевин де Брујне ја доби и тренерсрката А-лиценца од УЕФА.
30-годишниот Белгиец, кој имаше 15 гола и 8 асистенции во 2021/22, имал доволно време да тренира за втората по ранг тренерска лиценца на УЕФА во академијата на Манчестер сити. Таму тој работел со повеќе возрасни групи до У-16, и тоа беше доволно да добие лиценца.
Минатата година, Де Брујне призна дека има амбиции да ја преточи фудбалската филозофија на Пеп Гвардиола за идните генерации.
„Кога работите со човек како Гвардиола, гледате на спортот на сосема поинаков начин. Мислам дека за доброто на белгискиот фудбал, би било добро да се пренесе тоа знаење“, изјави Де Брујне.
Охрабрен од белгискиот селектор Роберто Мартинез, Де Брујне беше еден од деветте фудбалери кои земаат тренерски часови – Јури Тилеманс, Јан Фертонген, Аксел Вицел, Леандро Тросар, Дедрик Бојата, Денис Прет, Дрис Мертенс, Симон Мињоле и Мац Селс.
Manchester City's Kevin De Bruyne Takes Step Closer to Become Football Manager Following Completion of UEFA A Coaching License #MCFC #PremierLeague https://t.co/cyL1sjccrs via @NewsNowUK
— Gabriel (@Doozy_45) May 31, 2022