Top Sport

Наследникот на „империјата“ на Јуве ги жали Интер

Лапо Елкан, еден од наследниците на семејното богатство на фамилијата Ањели, инаку сопственици на Фиат, Ферари и Јувентус, на социјалните мрежи изрази жалење за ситуацијата во која се наоѓа нивниот лут ривал Интер, додавајќи дека само „медиокритети“ би се радувале на таква ситуација.

Елкан е брат на Џон Елкан, генералниот директор на компанијата „Ексор“ и братучед на претседателот на Јувентус, Андреа Ањели. Објавата доаѓа откако Интер полека го „растураат“ својот тим по освојувањето на скудетото, нешто што предизвика ситење кај дел од навивачите на Јувентус, нешто што Елкан го осуди.

„Тажен сум што гледам голем клуб како Интер како се мачи. Сметам дека само медиокритети можат да прославуваат таков тежок момент за еден свој ривал. Тоа е се“, напиша Елкан.

Scroll to Top