Проблемите на Самир Насри не престануваат. Поранешната ѕвезда на Арсенал доби шестмесечна суспензија од фудбалот поради третманот со инфузија кој го доби во клиниката во Лос Анџелес во декември 2016 година.
Насри минатиот месец доби отказ од Анталија, завршувајќи несреќна половина сезона во Турција. Неговиот адвокат признава дека УЕФА му додели шестмесечна казна за тоа што добил 500 милилитри хидрација на 26 декември 2016 додека бил на одмор. Во тој момент тој играше за Севилја како позајмен играч од Манчестер сити и наводно му се слошило пред неговата поранешна девојка, докторката Сарабџит Ананд да му советува да оди на инфузија.
Според правилата на Светската анти-допинг агенција (ВАДА), има лимит од 50 милилитри инфузија во шест часа.