Светската фудбалска федерација (ФИФА) и нејзиниот претседател Џани Инфантино сериозно ја разгледувале опцијата, неколку натпревари на СП во 2022 година во Катар, да се играат во Оман и Кувајт.
Како што пишува „Њујорк Тајмс“, ова ќе се случи доколку ФИФА од членките добие зелено светло на СП првенство во Катар да учествуваат не 32, туку 48 репрезентации.
ФИФА и Инфантино очекуваат дека конечната одлука околу проширувањето ќе биде донесена во јуни. ФИФА веќе ги предупредиле Катарците дека сами нема да можат да организираат Мундијал со 48 репрезентации.
Организацијата на СП во 48 репрезентации ја компликуваат и сложените политички односи во тој дел од светот. Соседите на Катар: Обединети Арапски Емирати, Кувајт, Оман, Саудиска Арабија и Египет, во 2017 година ги прекинаа дипломатските односи со оваа земја.
Министерот за спорт на Емиратите, Мохамед Халфан ал-Ромати, минатиот месец изјавил дека неговата земја, Кувајт и Оман би прифатиле да организираат натпревари на СП во 2022 година.