Санти Казорла се откажа од обидот да направи кам-бек во јануари, откако по деветти пат беше на операција. Играчот на Арсенал, кој нема играно од октомври 2016 година, беше во последен период од неговата рехабилитација.
„Почувствував нелагодност во тетивата и морав повторно да одам на операција, така што датумот за кам-бек ќе биде поместен. Уште сум мотивиран дека ќе можам да се вратам на мојата голема страст, фудбалот“, напиша Казорла на Твитер.
32-годишниот Казорла, кој има 77 настапи за шпанската репрезентација, сега ќе мора да ја продолжи рехабилитацијата на повредата започната како обично удирање во зглобот на ногата на пријателски меч против Чиле во 2013 година.
Менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер неодамна ја опиша неговата повреда како „најлоша која ја видел“. Тој прво имаше операција на лигаментите на коленото, по што ја оперираше и ахиловата тетива. По ова се појави инфекција, која не беше забележана, и коската се оштети и тој загуби осум сантиметри тетива. По пресадување на тетиви од неговата рака (каде што му беше тетовирано името на неговата ќерка), Казорла призна дека лекарите му кажале дека е можно да ја загуби ногата.
Тој уште не е регистриран за Арсенал оваа сезона и работи со лекарите во Саламанка, Шпанија, додека неговото семејство живее во Лондон.
Debido a unas molestias en el tendón que llevaba arrastrando los ultimos dias, he tenido que volver a pasar por el quirofano. Toca retrasar la fecha de vuelta a los terrenos de juego, mantengo la ilusión y motivación para volver a disfrutar de mi gran pasión, el futbol.#football pic.twitter.com/HpYYRd9VyQ
— Santi Cazorla (@19SCazorla) November 29, 2017
Животна драма на Казорла: Требало да му биде ампутирана ногата