Top Sport

Навивач на Ливерпул ја „прибрал“ топката од утнатиот пенал на Кепа

Навивач на Ливерпул вчера на „Вембли“ успеал да ја фати топката од утнатиот пенал на голманот на Челси, Кепа Аризабалага и да си ја однесе дома.

Кепа го замени Едуар Менди посебно за пеналите во финалето на Карабао купот вчера како „специјалист“ за пенали, но во 11. серија мораше самиот тој да шутира, и го утна пеналот со многу лош удар за Ливерпул да ја освои својата 9. титула од Лига купот.

Топката заврши кај еден навивач, откако на социјалните мрежи се појави фотографија со порака: „Само мојот татко можеше да го фати пеналот на Кепа и да ја заддржи топката“. Како доказ дека ова е веродостојно на топката го има датумот на натпреварот, тимовите и стадионот.

Scroll to Top