Top Sport

Навивач на Марсеј штрајкува со глад, бара клубот да го отпушти Балерди

Леонардо Балерди извесно време е на удар на навивачите на Олимпик Марсеј, а еден од нив сега отиде чекор подалеку од вообичаените критики и започна штрајк со глад барајќи 24. годишниот аргентински стопер да го напушти клубот.
Викендов, Марсеј одигра 2:2 со Стразбур, откако прими голови во 88. и 89. минута. Балерди на тој натпревар одигра само 30 минути, а потоа беше исклучен.

„Веќе не можеме да те издржиме“, „Балерди, заминувај од клубот“, „Штрајкувам со глад, дакте му отказ на Балерди“, „Не те сакаме повеќе“, „Оди си кловну“, ова се пораки што ги објави околу себе барајќи клубот да ја раскине соработката со Аргентинецот.

„Не правам ништо лошо, само ја испраќам мојата порака без никакви пцовки и навреди. Сакам Балерди да престане да игра за Марсеј и вистински фудбалери да играат во клубот”, објасни навивачот на Марсеј.

Scroll to Top