Top Sport

Неверојатен подвиг на хрватската пливачка Дина Левачиќ

Дина Левачиќ го преплива Куковиот теснец во Нов Зеланд и на тој начин влезе во историјата. Таа стана најмладата пливачка која ја преплива „Седумте на океанот“, како што се нарекуваат седумте најпознати теснеци во светот.
Левачиќ го објави својот успех во вторник околу 7 часот по средно-европско време. Таа го прослави и својот 27 роденден.

Рекордот претходно го држеше Австралиецот Томас Пемброк, кој ги преплива сите седум канали во 2018 година на 29 годинишна возраст.

Куковиот теснец е широк 23 километри, а Дина успеа да го преплива за 11 часа.

Покрај нејзините потфати во Нов Зеланд, Левачиќ го преплива Каналот Каталина во Калифорнија (2017), Ла Манш (2017), Молокаи на Хаваи (2018), Цугару во Јапонија (2019), Гибралтарскиот мореуз (2022) и Северниот канал.помеѓу Северна Ирска и Шкотска (2022).

Scroll to Top