Марко Џанпаоло лошо ја започна својата тренерска кариера во Милан. Во првите шест кола тој со славниот клуб веќе забележал четири порази, јавноста и навивачите бараат да биде отпуштен, а самиот изјавил дека нема намера да поднесе отказ.
„Работиме за да бидеме подобри. Утрово трениравме од 8 часот…Велите дека работам многу, но без резултат. Ќе го решиме и тој проблем“, рекол Џанпаоло и продолжил.
„Да поднесам оставка? Никогаш! Ако заминам тоа значи дека сум се откажал, а јас никогаш не се откажувам. Реков дека од својата десетта година сум навивач на Интер, но јас не сум Тројански коњ“.
Милан се наоѓаат на 16 место на табелата со скромни шест бода. Во сабота ќе гостуваат кај Џенова, а се шпекулира дека во само со победа Џанпаоло ќе го задржи работното место.