Пријателскиот натпревар, далматинското дерби меѓу Задар и Шибеник, беше прекинат по еден час игра, поради расистички скандал и дивеење на неколку навивачи.
Дуелот меѓу Задар и Шибеник беше прекинат во 65. минута кога гостите водеа со 4:2 поради дивеење на навивачите. Гледачите уште од првата минута го навредуваа играчот на Шибеник Матиќ на национална основа, а потоа му се „нафрлија“ на Колумбиецот, Маркос Мина. Него го навредуваа на расна основа.
Сè кулминираше со фрлање банани на теренот и стаклено шише кон играчите, а судиите потоа решија да го прекинат натпреварот.