Италијанските медиуми тврдат дека по вчерашниот 2:0 триумф на Рома над Емполи на „Олимпико“, домашните фанови биле „начекани“ во заседа од група на ултраси на Наполи кои на помош имале и српски навивачи на Црвена звезда.
Според „Калчомеркато“ се работело за планиран напад на навивачката група на Рома под име „Федајн“, кои биле пречекани од 50-тина луѓе облечени во црно на плоштадот „Манчини“, во кој биле повредени десетина луѓе. Тие исто така украле десетина банери кои потоа биле прикажани на „Олимпико“ од страна на навивачите на Емполи.
Италијанските медиуми тврдат дека ова е последна епизода во одмазничките напади меѓу навивачите на Рома и Наполи, кои неодамна се тепаа на автопат. Покрај тоа, ултрасите на Рома се „здружени“ со навивачите на Динамо Загреб, додека тие на Наполи се во „братство“ со Црвена звезда, така што во судирот учествувале и одреден број на навивачи на српскиот клуб.
Após o jogo com o Empoli, ultras da Roma foram surpreendidos por uma emboscada de torcedores do Estrela Vermelha, que lhes roubaram materiais.
Seria uma vingança pelo recente confronto na estrada com os ultras do Napoli, aliados dos sérvios.pic.twitter.com/XEfnamRN7J
— Leonardo Bertozzi (@lbertozzi) February 5, 2023
#Roma, agguato degli ultras di #StellaRossa e #Napoli: ci sono feriti, ecco cosa è successo https://t.co/fl05Tq6Brx
— calciomercato.com (@cmdotcom) February 5, 2023