Top Sport

Навивачите до Клоп: Врати го во тимот Стивен Џерард

Фудбалскиот клуб Ливерпул оваа година ќе го прекине постот долг три децении во Премиер лигата. „Црвените“ сигурно маршираат кон шампионската титула, која последен пат на „Енфилд“ ја славеа пред 30 години.

Ливерпул се пресилни за конкурентите во Премиер лигата, во моментов имаат 22 поени повеќе од Манчестер сити. За и теоретски да ја освојат титулата потребни им се уште шест победи, односно 18 поени во последните 13 натпревари.

Извесното освојување на титулата ги натера фановите на Ливерпул да покренат една интересна петиција. Тие бараат клубот барем на последните пет натпревари во тимот да го врати легендарниот капитен Стивен Џерадр. Нивна желба е тој да го подигне шампионскиот пехар.

Џерард има 40 години и во моментов со многу успех од клупата го предводи Глазгов Ренџерс. Тој за Ливерпул дебитираше во 1998 година, а капитенската лента ја носеше од 2003 до 2015 година.

Scroll to Top