Top Sport

Не го видоа Роналдо па добиле обесштетување за „душевна болка“

Навивачи од Јужна Кореја ќе добијат финансиски надомест за „дуешвната болка“ што ја доживеале бидејќи Крстијано Роналдо не играл на натпреварот помеѓу Јувентус и Ол-стар тимот на корејското првенство. Оваа одлука ја донел судот во Јужна Кореја.

Организаторите највавуваа дека португалскиот фудбалер ќе одигра најмалку 45 минути на натпреварот што се одигра во јули минатата година, меѓутоа тој натпреварот го гледаше од клупата за резерви.

Ваквата одлука на тренерот предизвика бес кај навивачите, кои решиле да ги тужат организаторите.

Судот решил дека на двајцата навивачи ќе мора да им бидат исплетени по 240 фунти, од оваа сума судот пресудил дека 194 фунти се за претрпената душевна болка.

Како што пренесуваат странските медуми поради претрпена „душевна болка“ биле поднесени уште неколку тужби.

За натпреварот помеѓу Јувентус и Ол-стар тимот од корејското првенство организаторите продале 65.000 билети.

Од компанијата што го организирала натпреварот претходно тврдеа дека Јувентус не ги испочитувале одредбите од договорот.

Scroll to Top