Top Sport

Навивачите гласаа, најубавиот гол во Русија го постигна Павар (Видео)

Светската фудбалска федерација (ФИФА) ги објави резултатите од гласањето за најубав гол на Светското првенство во Русија.

ФИФА официјално го прогласува најдобриот гол на Мундијалите од 2006 година, тогаш стрелец на најубавиот гол беше Аргентинецот Макси Родригез, четири години подоцна тоа го направи Диего Форлан (Уругвај), а во 2014 година на СП во Бразил, најубавиот гол го постигна Колумбиецот Хамес Родригез.

Во конкуренција за нај гол на шампионатот во Русија, имаше 17 гола, а победи Бенжаман Павар. Прв пат откако ФИФА ја воведе оваа награда, добитник е фудбалер од Европа.

Десниот бек на Франција, со прекрасен волеј постигна гол во осмина-финалето против Аргентина. Со тој гол Франција израмни на 2:2, а потоа и го доби дуелот со 4:3.

Второто место му припадна на Колумбиецот Хуан Кинтеро, односно голот што од слободен удар го постигна против Аргентина, а трет е Лука Модиќ и неговиот гол во фазата по групи против Аргентина.

Scroll to Top