Норвешката репрезентација во саботата попладне беше поразена на домашен терен од Шкотска (1:2), а Ерлинг Халанд беше исвиркан од домашните фанови.
Шкотска за 120 секунди го шокираше Осло со два гола. По натпреварот, во кој напаѓачот на Манчестер сити, од пенал го постигна единствениот гол за Норвешка, десетици од најмладите фанови ја чекаа ѕвездата на репрезентацијата пред стадионот.
Собрани зад заштитната ограда, момчињата го извикуваа неговото име со надеж дека фудбалската суперѕвезда барем ќе застане да даде неколку автограми.
Сепак, тој не застана, само им мавна на момчињата и се качи во автобусот. Таквиот потег младите фанови го испратија со огорченост и свирежи.
Erling Haaland is booed by Norway fans after getting straight on the team bus after losing to Scotland 🇳🇴😤 pic.twitter.com/2du40SqDvw
— Mail Sport (@MailSport) June 17, 2023