Навивачите во Велика Британија се бесни на одлуката на Премиер лигата да се договори за пренесување на мечевите во живо по фантастична сума од 14.95 фунти по натпревар.
Договорот меѓу Премиер лигата и британските ТВ-мрежи „Скај спортс“ и „БТ спортс“ предвидуваше до октомври да се прикажуваат сите мечеви во живо поради забраната за влегување на стадиони, и сите преноси беа вклучени во месечната претплата – 39.99 фунти за „Скај спортс“ и 25 фунти за „БТ Спортс“.
Меѓутоа од овој месеци, дополнителните пет меча кои не биле предвидени за преноси во живо ќе бидат достапни како „пеј-пер-вју“ за 14.95 фунти. Ова предизвика бура на реакции на островото, и фановите не ги штедеа газдите на Твитер и социјалните мрежи.
Поранешниот капитен на Манчестер јунајтед, Гери Невил, кој работи како коментатор на „Скај спортс“ се приклучи на критиките.
„Ова е навистина лош потег од Премиер лигата, да се наплаќа 14.95 фунти за мечеви кои беа достапни шест месеци“, напиша Невил.