Поразот од Кардиф, во последното коло во Премиер лигата, на најдобар начин ја отсликува кошмарната сезона што ја имаа фудбалерите на Манчестер Јунајтед. Последниот неуспех и тоа на „Олд Трафорд“ дополнително ги разгневи навивачите на „црвените ѓаволи“.
Манчестер Јунајтед се на крстопат, потребни се големи промени за славниот тим да се врати на вистинскиот пат. Прашање е кој од овој состав ќе биде тука и наредната сезона. Иднината на неколкумина играчи е неизвесна, тука се мисли на Алексис Санче, Давид Де Хеа, Фред, Ерик Баи, Виктор Линделоф и секако на Пол Погба.
По мечот со Кардиф, Погба, влегол во вербална расправија со навивачите кои му порачале дека може „да оди да се е.е“.
Погба се воздржал од коментари, а не сакал потоа да одговори ниту на новинарски прашања.
Ова дополнително ќе ги зголеми шпекулациите дека тој побарал трансфер во Реал Мадрид.
Paul Pogba clashed with a section of angry Manchester United fans after their defeat to Cardiff ??? pic.twitter.com/PCUiCZRxcK
— Metro Sport (@Metro_Sport) May 12, 2019