Top Sport

Навивачите на Алавес го „погребаа“ понеделничкиот фудбал (видео)

На навивачите на Алавес не им се допаѓа кога нивниот тим мора да игра понеделнички фудбал. Тоа тие го покажаа многу јасно вчера кога се појавија со ковчег на трибините и поставија банер „РИП фудбал“.

Протестот започна така што навивачите влегоа на натпреварот пет минути по стартот, по што беше изведен „церемонијален погреб“ на фудбалот на навивачи облечени во црно. По ова, навивачите на баскискиот клуб го извадија банерот, а имаше извици и против претседателот на Ла лига, Хавиерт Тебас.

Инаку, кога стартуваше мечот на „Естадио де Мендизороза“ на трибините имаше само околу 200 луѓе.

Алавес не му даде шанса на Леванте (видео)

Scroll to Top