Top Sport

„Војна“ во семејството Икарди – сестрата Ивана против Ванда Нара

Односите во семејството на Мауро Икарди очигледно не се најдобри, откако се јави сестрата на капитенот на Интер и тоа со навреда за неговата сопруга, Ванда Нара.

Иако Нара официјално е менаџер на Икарди и во моментов преговара за новиот договор на Аргентинецот со „нераѕурите“, Ивана Икарди смета дека таа навистина нема поим што прави.

„Оваа жена од добра фамилија навистина нема поим. Таа знае само да се фотографира за своите социјални мрежи. Сите се смееме“, напиша Ивана Икарди на Инстаграм.

Претходно во интервју, Ивана Икарди кажа што навистина мисли за Нара.

„Пред неа, мојот брат беше одличен човек, кој секогаш мислеше на семејството. Таа гледа само пари во него“, додаде лутата сестра.

Scroll to Top