Навивачите на Брентфорд безмилосно се свртеа против ѕвездата на Тотенхем, Хери Кејн, пречекувајќи го на „Комјунити“ стадионот во првиот премиерлигшки меч по паузата поради Светското првенство со песна: „Ти ја изневери својата земја“.
Ова, секако, се однесува на пеналот кој 29-годишниот Кејн го утна во финишот на мечот при 2:1 поразот од Франција во четврт-финалето на СП.
Песната не влијаеше на Кејн, кој го постигна првиот гол на својот тим при камбек 2:2 ремито.
@thefootballaddicts #harrykane #tottenham #brentford #premierleague ♬ original sound – thefootballaddicts