Навивачите на еден од најславните клубови во Данска се противат на идеата компанијата Ред Бул да влезе во клубот. Австриската компанија со влегувањето во Салцбург и Лајпциг направи овие тимови да имаат значајна улога во европските купови. Салцбург е повеќе кратен шампион на Австрија, додека Лајпциг два пати избори пласман во групите во Лигата на шампионите, сезонава ќе играат и во осмина-финалето и се борат за титулата во Бундес лигата.
„Ред Бул е се она што презираме. Ние се бориме против такви работи. Не сакаме Ред Бул да го купи Брондби, бидејќи повеќе нема да биде клубот што го сакаме. За тие Австријци клубовите се само бизнис. Менуваат клупски грбови, бои на дресови, имиња на стадиони…менуваат се! Не сакаме тоа да му се случи и на нашиот клуб“, порачале навивачите на Брондби.
За да го спречат продавањето на клубот тие имаат интересна идеа, за чие остварување ќе им биде потребна голема доза на среќа.
Тие решиле да купат 135 тикети од европската лотарија, Еуроџекпот.
Планот е едноставен доколку ја добијат главната премија, која изнесува 65 милиони евра, тогаш тие ќе го купат Брондби и на тој начин ќе го стопираат влезот на странскиот инвеститор.