Top Sport

Навивачите на Црвена Звезда се откажаа од Пикси: „Никогаш не си бил наш…Сајонара“

Црвена звезда го победи Партизан со 2:1 во финалето на Купот на Србија, а најинтересно беше на трибините на стадионот „Рајко Митиќ“. За време на натпреварот, популарните „Делије“, навивачите на Звезда, му испратија порака на српскиот селектор, легендарниот Драган Стојковиќ Пикси, и се откажаа од него.

„Никогаш не беше твоја, никогаш не беше наш. Секој звездаш се сеќава на деценискиот потоп после тебе. Сајонара“, пишуваше на транспарентот на северната трибина, каде се сместени најверните фанови на Црвена Звезда.

Ова дополнително го продлабочи конфликтот меѓу Црвена Звезда и Пикси.

Стојковиќ првпат дојде на „Маракана“ откако стана прв човек на репрезентацијата во декември 2020 година. Тој дојде во друштво на Стеван Стојановиќ, капитенот на генерацијата на „црвено-белите“ која ја освои титулата европски и светски првак во 1991 година и во која беа и Дарко Панчев и Илија Најдоски.

Во ложата беше и генералниот директор на Црвена Звезда, Звездан Терзиќ, кој често во јавноста зборуваше против Пикси.

Scroll to Top